Ниска заинтересираност за волонтирање во Пробиштип

7 Јун 2019

Недостатокот на простор и на обучен персонал во граѓанските организации се главните потешкотии со кои се соочуваат здруженијата од Пробиштип, како што беше истакнато за време на средбата на Мобилниот ресурсен центар која се одржа на 30 мај 2019 година.

Младите таму не го сметаат волонтерството за привлечно, а организациите немаат големо искуство на кој начин да ги поддржат и вклучат во нивната работа. Менди, која е волонтерка од Мировниот корпус и волонтира за општината и за Црвениот крст во Пробиштип, го сподели своето искуство околу укажаната можност да биде дел од организацијата и да придонесува кон заедницата.

На средбата беа истакнати и други недостатоци на здруженијата меѓу кои неискуство во планирањето, мобилизирањето поддршка од заедницата, прибирањето средства и составувањето пријави за грантови. Со цел да се одговори на овие потреби за подобрување и усовршување, прв следен чекор би бил организирање обуки на овие теми.

Организациите споделија различни искуства за соработката со Општината и за поддршката која им е пружена. Едно од главните барања е обезбедувањето простор за работа кој во моментов го немаат, а би биле задоволни доколку општината изврши пренамена и прилагодување на некој празен објект.

Тимот на ГРЦ исто така оствари  средба со Марија Митева, претставничка од кабинетот на Градоначалникот и со Наташа Смилкова, од Одделението за локален економски развој (ЛЕР) одговорна за комуникација со граѓанските организации. Општината практикува објавување јавни повици, но и ад-хок доделување средства на здруженијата. Потребата на организациите за соодветен простор е препознаена и постои иницијатива на Општината да се отвори Центар за граѓански организации, но истата се уште не е реализирана бидејќи не се обезбедени средства за неа.

Општината е во завршна фаза на изработката на Стратегија за соработка со граѓанските организации.

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

На 13 јуни 2025 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се одржа консултативна средба за финализирање на Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028. Настанот беше организиран од...

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

На 11 јуни 2025 година, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ), во соработка со организацијата Kobo Inc., организираше обука за дигитално собирање и управување со податоци, наменета за граѓанските организации. На обуката присуствуваа претставници од 26 граѓански...

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Дванаесет граѓански организации се добитници на грант преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансирана од Европската Унија, а ќе реализираат проекти насочени кон зајакнување на демократијата во државата преку подобрен изборен процес со...