Нексус изготвуваат нацрт-верзии на дополнителни организациски документи

11 Ное 2019

Здружението „Нексус- Граѓански концепт“ во рамките на грантот од Граѓанскиот ресурсен центар, заврши со изработката на Стратешкиот план за 2020-2024 година и Акцискиот план за 2020 година. Истите се преведени на англиски јазик, а во моментов се во процес на дизајнирање.

Освен тоа, Нексус ја одржа втората менторска работилница на 8 ноември 2019 година во просториите на менторската организација Центар за управување со промени (ЦУП). Од причина што планираните активности беа завршени предвреме, Нексус и ЦУП решија во преостанатиот период да изработат дополнителни документи за јавни набавки и документи за систематизација на работни места за потребите на административно -финансиското работење на Нексус.

На менторската работилница ЦУП ја објасни потребата и важноста од поседувањето на овие документи и заеднички ги подготвија нацрт верзиите. Нивната финална верзија ќе биде завршена до почетокот на декември.     

„Нексус – Граѓански концепт“ го спроведува проектот „Преку партнерство за создавање стратешки документи до одржливост и стабилност на локалните организации“ во партнерство со менторската организација Центар за управување со промени, финансиран од програмата „Национален ресурсен центар за граѓански организации“. Програмата ја спроведуваат Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа Плус од Штип, а е финансирана од ЕУ.

Повеќе знаења и вештини за пишување проектни апликации за 16 граѓански активисти

Повеќе знаења и вештини за пишување проектни апликации за 16 граѓански активисти

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжува да ги јакне граѓанските организации. На 23-24 ноември 2023 во Штип се одржа втората од планираните четири, Работилница за планирање проекти и пишување на проектни апликации. Оваа работилница се одржа како последователна...

Покана за учество на дебата „Културата на волонтирање – реалност или предизвик?“

Покана за учество на дебата „Културата на волонтирање – реалност или предизвик?“

На 5 декември, светот и ние, го одбележуваме денот на волонтерите и волонтерството, феномени од исклучително општествено значење што треба да се поддржуваат и поттикнуваат.  Волонтерството се заснова на доброволно дејствување на поединците во корист на други лица...

Share This