На охридските здруженија не им е искористен целиот потенцијал

25 Окт 2019

Иако Охрид е една од поголемите општини во државата, таа се соочува со слабо развиен граѓански сектор. Ова беше еден од главните заклучоци за време на Мобилниот ресурсен центар кој се одржа на 25 октомври 2019 година, во соработка со Здружение за мултикултурна интеграција „Инклузија“ од Охрид.

Како главни проблеми со кои се соочуваат граѓанските организации од оваа општина се недостатокот на просторно-технички услови, намалениот интерес за волонтерство кај младите и одливот на млади кадри. Во насока на решавањето на проблемите на младите, присутните истакнаа иницијативи кои се уште немаат конкретни завршници како што се: младински клуб, локална стратегија за млади и младински совет.

Воедно, како предизвик на организациите се недоволно искористените можностите за прекугранична соработка со Албанија во проекти наменети за поддршка и промоција на туризмот, културното наследство и меѓусебната соработка.

Една успешна охридска иницијатива која присутните ја издвоија беше едукативната кампања „Ги запознаваме ретките болести“ која потоа на национално ниво ја актуелизираше Здружението за лица со ретки болести „Живот со предизвици“. Преку видео, аудио и текстуални пораки, јавноста се запозна со ретките болести, со предизвиците со кои луѓето со ретки болести се соочуваат, како и со начинот на дијагноза и третман.

На територијата на Охрид има голем број на регистрирани организации, меѓутоа многу од нив се недоволно препознаени и поддржани од општината, а исто така недостасува и проактивност и самоиницијативност кај нив самите. На средбата беше истакнато дека локалната самоуправа издвојува буџетски средства наменети за поддршка на активностите на здруженијата и на поединци-активисти од општината, кои сепак не се доволни.

Во рамки на настанот, тимот на Граѓанскиот ресурсен центар ги запозна учесниците со клучните активност на проектот и сподели информации важни за развојот на граѓанските организации поврзани со стратешкото планирање и мобилизирањето ресурси.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...