ММФ со јасни насоки за унапредување на состојбата на младите во руралните средини

8 Ное 2019

Мрежата на млади фармери (ММФ) и менторската организација Рурална коалиција започнаа со процесот на изработка на Стратегија на ММФ, како дел од нивниот партнерски грант од ГРЦ.

Заклучокот од анализата на јаките и слабите страни на ММФ беше дека младите од руралните средини немаат мотивациjа да останат во руралните средини, но и не знаат кои се придобивките од заедничко делување во заедницата во коjа живеат. Исто така, беа идентификувани повеќе постоечки можности, но ММФ и другите организации кои делуваат на ова поле немаат доволно влијание или капацитети за да ги согледаат, структурираат и да ги претворат можностите во силни страни.

Од друга страна, пак, самата Мрежа има потреба од утврдување на jасни насоки и правци за стратешки развој. Тоа ќе помогне при структурното и организациското зајакнување, како и зацврстување на нејзината позиција во секторот земјоделство и рурален развој.  Исто така, јасните насоки се потребни за полесно совладување на предизвиците кои произлегуваат од миграцијата на младите во урбаните средини и надвор од државата, како и постоењето на се помалку структурни фондови фокусирани на поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Јасните визија и мисија, дефинираните стратешки цели и организациските вредности, ќе го насочат делувањето на организациjата кон унапредување на состоjбата со младите во руралните средини и нивна социјална и економска вклученост во општеството.

Оваа активност е дел од проектот „ Стратешкото делување на мрежата на млади фармери – клучен фактор кој што придонесува кон јакнење на позицијата на делување во земјоделството и руралниот развој “, кој го спроведуваат Мрежата на млади фармери, Дебарца во партнерство со Рурална коалиција – Куманово. Овој проект е поддржан од „Програмата „Национален ресурсен центар за граѓански организации“ која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа Плус од Штип.

Граѓанското општество во Западен Балкан и Турција е поважно од кога било за процесот на интеграција во ЕУ

Граѓанското општество во Западен Балкан и Турција е поважно од кога било за процесот на интеграција во ЕУ

Во име на Европската комисија, DG NEAR, проектот ЕУ ТАКСО 3 го организираше Форумот за граѓанско општество на ЕУ за Западен Балкан и Турција 2022 година од 8 до 9 јуни 2022 година, во Скопје, Северна Македонија. Форумот е првпат да се одржува од почетокот на...

Граѓанските организации и медиумите придонесуваат кон прогрес и реформи во општеството

Граѓанските организации и медиумите придонесуваат кон прогрес и реформи во општеството

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, на 10 февруари 2022 година одржа консултативен состанок со граѓанските организации (ГО) за претстојниот Повик за проектни предлози во рамки на ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество и...

Онлајн консултации за Повик за предлози на граѓански и медиумски организации

Онлајн консултации за Повик за предлози на граѓански и медиумски организации

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија започнува онлајн консултации за граѓанското општество и другите засегнати страни, заинтересирани да придонесат за дефинирање на приоритетните теми и други важни елементи на претстојниот Повик за предлози...

Share This