Локалните организации дознаа повеќе за партнерските грантови на ГРЦ

25 Апр 2019

Повеќе од 60 претставници на граѓанските организации учествуваа на информативните сесии за доделување партнерски грантови од Граѓанскиот ресурсен центар. Се одржаа четири вакви сесии и тоа во Скопје, Струмица, Битола и Кичево. Овие настани се покажаа како корисни за граѓанските организации бидејќи имаа можност да поставуваат прашања и веднаш да добијат одговор за сите нејаснотии и двоумења.

Јасмина Чаушоска од Граѓанскиот ресурсен центар, детално ги презентираше упатството за пријавување, формуларот за аплицирање и неговите прилози. Таа објасни кој може да аплицира на повикот, какви активности се очекуваат од апликантите, кои трошоци се подобни, кои документи се потребни за аплицирање и начинот на поднесување на пријавите.

Повикот за партнерски грантови за организациско јакнење беше објавен на 8 април 2019 година, а рокот за поднесување на пријавите е 8 мај 2019 година до 17 часот. Заинтересираните организации можат да поставуваат прашања поврзани со повикот на [email protected] најдоцна до 25 април, а сите прашања и одговори ќе бидат објавени на страната на ГРЦ на 3 мај 2019 год.

Инфомативна сесија за грантови во Кичево

Целта на овој тип грантови е да се зајакнат капацитетите на малите граѓански организации кои делуваат на локално ниво во партнерство со поразвиени граѓански организации.

Предложените активности треба да траат најмалку шест, а најмногу девет месеци. Големината на грантовите ќе биде помеѓу 123.000 и 184.500 денари, а расположливиот вкупен износ за повикот е 24000 евра, или 1.476.000 денари.

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...