Кратовските здруженија подобро делуваат здружено

26 Фев 2020

Како да се поттикне волонтерството кај младите; како да се подобри соработката на граѓанските организации со институциите на централно и локално ниво; и како до генерирање на фондови за здруженијата, беа дел од прашањата кои се дискутираа на Мобилниот ресурсен центар кој се одржа во Кратово на 20 февруари 2020 година.

Отворениот ден со локалните здруженија го организираа Граѓанскиот ресурсен центар во партнерство со Регионалниот центар за одржлив развој (РЦОР) Кратово и Здружението за заштита на животната средина и културно историските знаменитости Извор од Кратово.

Претставниците на граѓанските организации дискутираа за тоа како функционира граѓанскиот сектор и за дијалогот помеѓу нив и државните институциите на локално и национално ниво. Како клучни проблеми беа истакнати недоволните човечки ресурси пред се поради големото иселување на младите од регионот, слабата соработка со локалната самоуправа, комплицираните апликации за грантовска поддршка и недостатокот на стручни лица за пишување на проектни апликации итн. Од друга страна пак, беше истакната добрата соработка со Домот на култура и Музејот на град Кратово, како и добрата меѓусебна соработка и помагање меѓу локалните организации во Кратово и регионот. 

Милош Димитровски, претседател на РЦОР Кратово, потенцираше дека Центарот претставува точка на вкрстување на заедничкиот интерес и соработката помеѓу здруженијата и локалните институции. Како позитивна можност тој ја истакна соработка на организациите од Кратово кои заеднички би делувале преку аплицирање на проекти пред домашните и меѓународни фондации и институции.

Во рамки на настанот, тимот на Граѓанскиот ресурсен центар ги запозна учесниците со клучните активност на програмата и сподели информации важни за развојот на граѓанските организации.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...