Консултативни средби за Нацрт-Извештајот за спроведување на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2022-2024, во 2022 година

3 Мар 2023

Граѓанскиот ресурсен центар заедно со Одделението за соработка со невладини организации при Генералниот секретаријат на Владата ги кани граѓанските организации и сите заинтересирани на консултативни средби за Нацрт-извештајот за спроведување на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2022-2024. Консултативните средби ќе се одржат на 14 март во Гостивар, 15 март во Скопје и 16 март во Штип.  

Целта на консултативните средби е презентирање на Нацр-извештајот за спроведувањето на Стратегијата и Акцискиот план во 2022 година и отворање дискусија со граѓанските организации за статусот на спроведувањето на активностите и вредностите на индикаторите наведени во Стратегијата. Граѓанските организации ќе имаат можност на настанот да дадат и свои предлози за приоритетите и спроведувањето на Стратегијата во следниот период.  

9:45 – 10:00Регистрација и кафе
10:00 – 10:30Презентација на Нацрт-Извештај за напредокот во спроведувањето на Акцискиот план за спроведување на Стратегијата на Владата на Република Северна Македонија за соработка со и развој на граѓанското општество 2022 – 2024 и постигнување на стратешките и оперативните цели во 2022 година
Сузана Никодијевиќ-Филиповска, Генерален секретаријат на Владата  
Модератор: Валентина Величковска, Граѓански ресурсен центар
10:30 – 11:30Работа во 3 групи по приоритетни области од Стратегијата, дискусија за статусот на спроведување на активностите и вредноста на индикаторите, модерирана од вработени во Одделението за соработка со невладини организации
11:30 – 12:00Презентација на препораките од работата во групи
12:00 – 13:00Коктел

Овој настан е дел од проектот “ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС, Медиа плус од Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ од Гостивар.

Пријави учество

Предизвиците на локалните организации во  Македонски Брод

Предизвиците на локалните организации во  Македонски Брод

На 1 декември 2023 година, локалните организации и активистите од општина Македонски Брод се информираа за актуелните случувања на национално ниво за развој на граѓанското општество, можностите за финансирање и јакнење на граѓанските организации, можностите што ги...

Повеќе знаења и вештини за пишување проектни апликации за 16 граѓански активисти

Повеќе знаења и вештини за пишување проектни апликации за 16 граѓански активисти

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжува да ги јакне граѓанските организации. На 23-24 ноември 2023 во Штип се одржа втората од планираните четири, Работилница за планирање проекти и пишување на проектни апликации. Оваа работилница се одржа како последователна...

Share This