Комуникациска стратегија за здруженијата да ги надградат односите со јавноста

2 Мар 2020

Четиринаесет граѓански организации ги добија основите за нивните комуникациски стратегии за време на обуката за комуникации и видливост која ја организираше Граѓанскиот ресурсен центар во Велес на 26 и 27 февруари.

Учесниците направија СВОТ анализа и ги поставија комуникациските цели кои сакаат да ги постигнат. Тие развија пораки за секоја од нивните целни групи и ги одредија каналите кои ќе ги користат за да им се обратат. На крај, се фокусираа на креативното размислување и преку бура на идеи (brainstorming)

Преку интерактивното предавање, тие се здобија со корисни информации поврзани со пишување на веб, онлајн заедниците, социјалните медиуми и нови алатки кои во моментов не се многу распространети а се доста корисни.

По завршувањето на обуката, голем дел одговорија дека ќе го применат наученото и ќе ги довршат започнатите комуникациски стратегии. Еден од најкорисните сегменти на обуката рекоа дека им била рефлексијата по организации каде секое здружение поединечно беше разгледано и доби фидбек за унапредување на комуникациите и видливоста.

Обуката е дел од Програмата за градење капацитети на граѓанските организации во склоп на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...

Организациите заинтересирани за повиците за предлози во рамките на ИПА III Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2024-2025

Организациите заинтересирани за повиците за предлози во рамките на ИПА III Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2024-2025

“Ја препознаваме важната и значајна улога на граѓанското општество и медиумите што ја имате во земјата и сакаме да помогнете во спроведување на клучните реформи. Сакаме да промовираме подобра демократизација, почитување на основните права, меѓународните стандарди и...

Дигиталната технологијата може да ги поедностави процесите и да го зајакне ангажманот со заедницата

Дигиталната технологијата може да ги поедностави процесите и да го зајакне ангажманот со заедницата

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжува да ги јакне граѓанските организации на теми кои придонесуваат кон нивно ефикасно и ефективно делување. Овој пат, фокусот беше ставен на дигиталната трансформација како една од клучните области на Стратешката агенда на ЕУ...