Како граѓанските организации да го поттикнат волонтирањето?

25 Ное 2019

Дали веќе волонтирате или сакате наскоро да почнете? Дали сте здружение кое работи или сака да почне да работи со волонтери?

Граѓанскиот ресурсен центар организира информативна дискусија со наслов „Како граѓанските организации да го поттикнат волонтирањето?“, на 4 декември 2019 година во Ресурсниот центар во Штип. [Facebook настан]

11:30-12:00РЕГИСТРАЦИЈА НА УЧЕСНИЦИТЕ
12:00- 12:30ВОВЕДНИ ОБРАЌАЊА
– Мирјанка Алексевска, Министерство за труд и социјална политика
– Никица Кусинокова, здружение Конект
– Маја Ангеловска, Младински културен центар, Битола
– Драгана Митровиќ, Младински клуб, Штип
12:30- 14:00ДИСКУСИЈА, ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Фацилитатор: Валентина Атанасовска, Македонски центар за меѓународна соработка
14:00 – 15:00КОКТЕЛ

За волонтерството со посебен фокус на граѓанските организации, ќе говорат Ирена Иванова, Делегација на Европска Унија; Мирјанка Алексевска, Министерство за труд и социјална политика, Никица Кусинокова, Конект, Маја Ангеловска, Младински културен центар, Битола и Драгана Митровиќ, Младински клуб, Штип. Тие ќе ја отворат дискусија за клучните предизвици, но и како граѓанските организации да ги мотивираат и поттикнат младите и останатите граѓани да волонтираат. Присутните граѓани и граѓански организации ќе дознаат повеќе за волонтерството, законската рамка и ќе добијат насоки за поттикнување на волонтерството, особено од аспект на граѓански активизам и јакнење на свеста за важноста на волонтерскиот ангажман во граѓанскиот сектор.

Во државата, волонтерството е регулирано со Законот за волонтерство, со кој се уредени термините за волонтерство, волонтер и организатор на волонтерската работа; условите и начинот на вршење на волонтерството; правата и обврските на волонтерот и организаторот на волонтерството; договорот за волонтерство и водењето евиденција на волонтерската работа; како и вршењето надзор. Во 2010 година беше донесена Стратегијата за промовирање и развој на волонтерството за периодот 2010-2015 заедно со акциски план, со цел да се промовира и поттикне волонтерството.

Отпочнување на консултации: Повик за предлози за граѓански и медиумски организации, ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество (CSF) и медиумите 2024–2025 година, Република Северна Македонија

Отпочнување на консултации: Повик за предлози за граѓански и медиумски организации, ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество (CSF) и медиумите 2024–2025 година, Република Северна Македонија

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија започнува консултации со граѓанското општество и другите засегнати страни за дефинирање на приоритетните теми и другите важни елементи на претстојните повици за предлози во рамките на ИПА III Инструмент...

Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за избор на членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество  

Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за избор на членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество  

Во периодот од 23 до 28 јануари 2025 година околу 100 претставници на граѓански организации се информираа за повикот за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и фондации, на четирите...

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...