Релативно овозможувачка околина за развој на граѓанското општество

27 Јул 2020

„Во 2019 година имавме една релативно овозможувачка околина за граѓанското општество. Можеме да истакнеме дека граѓанските организации беа вклучени во коцепирањето на текстовите на дел од најзначајните закони, на пример Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Законот за спречување на корупција и судир на интереси, Законот за социјална заштита, Законот за бесплатна правна помош и слично“, рече Снежана Камиловска Трповска од МЦМС, во однос на „Извештајот за овозможувачка околина за развој на граѓанското општество за 2019 година“, на онлајн дискусијата организирана од Граѓанскиот ресурсен центар. Меѓутоа, и покрај генерално добрите наоди, таа потенцираше дека недостасува граѓанските организации да бидат вклучени во процесот на креирање на политиките многу порано од моментот кога тие веќе ќе бидат во форма на предлог односно нацрт- текст на закон.

Според наодите од Извештајот, државната помош за граѓанското општество за 2019 година не само што не се зголемила според препораките, туку се намалила за 13% во однос на тоа од 2018 година. Иако беше најавено сеопфатно реформирање на моделот за државно финансирање, сепак нема позначителни промени на тоа поле.

Билјана Спасовска, од Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН), ги сподели регионалните искуства во врска со околината на здруженијата кои во голема мера се слични со нашите национални. Поточно, здруженијата од Балканот се главно зависни од финансирањето од странски донатори, додека она јавно финансирање кои е постои не е одржливо ниту одговара на нивните потреби. Сличен е случајот со учеството на организациите при носење одлуки, односно консултациите со нив не се прави во раните фази.

Едно од најгорливите прашања кои се отворија на средбата се однесуваше на работата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор. Сабина Факиќ,од Центарот за граѓански комуникации и претставник на Советот, смета дека опкружувањето во кое делува ова тело не е поволно и дека не се максимизирани ефектите од неговото работење. Причината за тоа ја наоѓа кај Владата, но и кај самите граѓански организации.

Душко Христов од „Банка за храна“ го покрена прашањето за несоодветноста на постапката за распределба на владините средства на повикот за Ковид-19 активности и одговорноста на Советот во тој процес. Проблемите околу државното финансирање кулминираа со КОВИД-19 пандемијата кога најпрво беа скратени сите средства, потоа се отвори повик за грантови со неверојатно кратки рокови, за на крај граѓанските организации да се поделат и да дозволат граѓанското општество да се става во негативен контекст. „Во услови на пандемија, верувам сите знаете дека финансиска поддршка добија и медиумите. Не слушнавме дека финансиската поддршка за нив се поврзува со предизборен поткуп. Затоа пак слушнавме максимална дискредитација на граѓанските организации, и оние кои добиле и оние кои не добиле. Ќе се согласите дека ова е нешто што оди на сметка на сите нас“, рече Факиќ.

Ирена Иванова, од Делегацијата на Европска Унија, говореше за заложбите на ЕУ за поддршка на развојот на граѓанските организации, но даде и еден генерален осврт за предностите и недостатоците на граѓанскиот сектор каков што е во моментов. Таа посочи на потребата од обединетост и проактивност, бидејќи токму организациите се главните менувачи на процесите и дека пред се го застапуваат гласот на граѓаните. „Ситуацијата со коронавирусот покажа дека токму организациите кои се успешни и проактивни беа тие што традиционално и долгорочно работат со своите конституенти. Тие беа најбрзи, најефикасни затоа што точно знаат што им треба на нивната таргет група и ја имаат потребната магија, а тоа е довербата кај нив“, поентираше таа.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...