Ин Виво- од група ентузијасти до функционално здружение

6 Мај 2019

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) може да биде клучната алка за една организација да зајакне и да направи важни општествени промени. Таков беше случајот со Здружението на граѓани за социјален и економски развој Ин Виво од Скопје.

Кои се Ин Виво?

Тие се група од седум ентузијасти со различни професии. Токму различните искуства ги мотивирале да создадат здружение кое ќе придонесе за достоинствени социо-економски услови и инклузија за ранливите групи во сферите на општествено живеење.

Каква поддршка им пружи ГРЦ?

ГРЦ го поддржа здружението уште во процесот на основање, обезбедувајќи совети за регистрирање како и за подобро разбирање за функционирањето на граѓанските организации во државата. Ова беше особено важно со оглед на тоа што основачите немале претходно искуство во граѓанскиот сектор.

По основањето, повеќе членови на Ин Виво ги посетија обуките на ГРЦ и се стекнаа со неопходните предзнаења за: добро управување со граѓански организации, институционален развој и организациско јакнење, транспарентност и отчетност, вмрежување, партнерства и градење коалиции.

Со што се занимава организацијата?

Една од главните цели на здружението е да развијат повеќе модели на социјално претприемништво во кои би биле ангажирани маргинализираните групи граѓани, меѓу кои и бездомните лица. Исто така, тие ќе спроведуваат активности за неформално образование за занимања кои се барани на пазарот на трудот, а ќе соработуваат и со други здруженија, социјални претпријатија и социјално одговорни бизниси од земјата и од странство.

Какви се плановите за иднината на Ин Виво?

Здружението веќе работи на својот прв проект наречен Јода (Yoda), составен од три програми: неформална едукација за бездомните лица од Скопскиот регион; работен ангажман за лицата вклучени во програмата за неформална едукација; и вклучување на лицата со најдобри резултати од првите две програми во процесот на (ре)социјализација на други бездомни лица.

„На барање на едно од лицата кое е активен учесник во програмата за неформална едукација, при крај сме со подготовките за негов професионален ангажман во производство и пласман на био-хумус. Ова воедно ќе биде и наша прва иницијатива во социјалното претприемништво, на кое имаме намера многу сериозно да му се посветиме“, велат во здружението.

ГРЦ го поддржа здружението во спроведувањето на оваа програма преку обезбедување на просторијата на ресурсниот центар во Скопје за организирање на обуките за лицата вклучени во програмата. Граѓанскиот ресурсен центар ќе продолжи да го поддржува здружението и во иднина преку услугите што ги обезбедува, а кои се достапни за сите граѓански организации.

Состојбата на младите во руралните општини е алармантна

Состојбата на младите во руралните општини е алармантна

Младите и можностите што граѓанските организации ги нудат за нив беа во фокусот на дискусијата за време на посетата на Мобилниот ресурсен центар во Теарце што се одржа на 19 септември 2023 година. „Имајќи предвид дека само 11% од општините во Македонија имаат...

Повик за учество на Работилница за планирање проекти и пишување на проектна апликација

Повик за учество на Работилница за планирање проекти и пишување на проектна апликација

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во рамки на проектот  “ЕУ поддршка за ГРЦ – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на следнава работилница: Генерирање фондови- Работилница за планирање проекти и пишување на проектна...

Зајакнете ја вашата организација со поддршка на ГРЦ

Зајакнете ја вашата организација со поддршка на ГРЦ

🌟 Дали сте посветени активисти, членови или вработени во граѓанска организација, која неуморно работи на позитивни промени во заедницата? Ги разбираме специфичните предизвици со кои се соочувате, а нашите советодавни услуги постојано ви се на располагање за да ја...

Share This