ИГИ – препознатливо здружение кај младите екологисти од Гостивар

26 Сеп 2019

Кој стои зад Иницијативата за граѓански интеграции (ИГИ) од Гостивар?

лого на ИГИ

Здружението Иницијатива за граѓански интеграции ИГИ Гостивар започна како неформална група која реализираше повеќе  активности за зачувување и грижа за животната средина во Гостивар како и неколку хуманитарни акции наменети за млади и семејства од ранливите категории. Ваквите активности ги натераa овие активисти да ја согледаат реалната потреба за здружено делување и во 2016 година да прераснат во граѓанска организација.

Денес визијата на ИГИ е заложба за секој поединец да има еднакви можности за интегрирање во секој дел од системот со еднаков пристап и поддршка. Нивните основни цели и задачи вклучуваат поттикнување граѓански иницијативи за остварување подобри услови за живеење, образование и работа, како и за унапредување на културата, мултиетничкиот развој, екологијата, спортот, унапредување на соработката со институциите итн.

Каква поддршка им пружи ГРЦ?

„Заедничките средби реализирани во ГРЦ ни овозможија да се запознаеме и со другите организации во градот и да реализираме неколку заеднички еко- акции. Оттука, просториите на ГРЦ меѓу локалните граѓански организации станаа препознатливо место за вмрежување и планирање акции со кои би се подобрил животот во Гостивар“, велат од здружението.

Покрај просторот, ГРЦ им помогна на Иницијатива за граѓански интеграции ИГИ Гостивар во процесот на организациско јакнење, мобилизирање на членство, како и во застапувањето на нивните идеи пред релевантните чинители од општина Гостивар.

ИГИ на настан

Што е сменето од почетокот до сега?

Поддршката која ја добиваат од ГРЦ преку просторот, повременото менторство и мноштвото ресурси велат дека им е од големо значење. За краток временски период тие успеале да ја зацврстат нивната позиција како препознатлива граѓанска организација првенствено кај младите екологисти од Гостивар. Освен тоа, успеале да ги зајакнат внатрешните организациски капацитети и каналите за комуникација со нивните целни групи.

Кои се плановите за иднината на Иницијатива за граѓански интеграции ИГИ Гостивар?

Од здружението велат дека според моменталната потреба за подигнување на свеста за грижата за животната средина и непостојаниот (повремениот) еко-активизам, нивните наредни чекори ќе останат во областа на здрава животна средина. Исто така, очекуваат соработката со ГРЦ да продолжи и да им го олеснува функционирањето, а преку обуките да прераснат во поголема и поодржлива граѓанска организација.

од настан во Гостивар
Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...