Идните истражувачи обучени преку реални ситуации

12 Дек 2019

Поставување хипотеза, избор на примерок, одредување варијабли, обработка на податоци и користење на програмата SPSS беа дел од темите за кои 17 претставници на граѓански организации учеа на обуката за истражување и методи на истражување. Таа се одржа на 5 и 6 декември 2019 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје.

Учесниците ја оценија обуката како многу релевантна, практична и корисна. Како најважни ги издвоија практичните вежби  и работењето во програмата SPSS. Тие имаа можност низ реални примери и студии на случај да направат симулација на истражување. Подготвија прашалник за анкета, поставија хипотези и варијабли и на терен ги собираа податоците, а потоа ги обработија и врз основа на тоа напишаа краток извештај.

Обучувачката Софија Георгиевска истакна дека групата била многу кохезивна, активна и вклучена. Според неа собирањето податоци на терен, онлајн и преку телефон, придонела членовите на групата да се стават во реална ситуација и да се однесуваат како вистински истражувачи.

Оваа беше четврта од низата обуки организирани во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар. Од овој циклус обуки остануваат уште три обуки кои што ќе бидат спроведени на почетокот од 2020 година.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...