„Четвртина од случаите на дискриминација се по повеќе основи“

29 Мар 2019

„Нашето законодавство ја уредува повеќекратната дискриминација, вклучително и формите на кумулативна и интерсекциска дискриминација кои со новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација се јасно дефинирани. Ова особено е битно бидејќи повеќратната дискриминација се смета за потежок облик на дискриминација, кој потешко се докажува и не секогаш соодветно се санкционира“, рече во своето излагање Жанета Попоска од Мисијата на ОБСЕ во Скопје на вчерашната (28.3.2019) дебата на Граѓанскиот ресурсен центар за повеќекратна дискриминација.

Покрај разграничувањето на  кумулативната и интерсекциската дискриминација, таа посочи и повеќе примери од праксата на Судот за човекови права во Стразбур каде се третирале и докажале случаи на повеќекратна дискриминација. 

Ѓултен Мустафова од Министерство за труд и социјална политика (МТСП), говореше за улогата на МТСП, Националното координативно тело за недискриминација (НКТ), и на Комисијата за заштита од дискриминација во справувањето со повеќекратната дискриминација.

„Во однос на постапувањето на Комисијата со новиот закон се скратуваат роковите за да може побрзо да постапува и се вклучува одредба за задолжителна обврска на Комисијата да иницира прекршочни постапки“, рече Мустафова. Освен тоа ги дискутираше програмата за работа на НКТ и Националната стратегија за еднаквост и недискриминација.

Игор Јадровски од Хелсиншкиот комитет за човекови права, рече дека од 80 предмети поврзани со дискриминација за последниве две и пол години, повеќе од една четвртина се случаи на повеќекратна дискриминација. Во овој период најчести истовремени основи за дискриминација се полот и родот. Тој презентираше конкретни примери на повеќекратна дискриминација и исходот по поднесените претставки. Исто така, посочи дека тестирањето на ситуации е експлицитно наведено во новиот закон како доказ кој ќе може редовно да се употребува во судската постапка за да се докаже дискриминација.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...