ГРЦ го олеснува надминувањето на предизвиците на локалните организации

11 Мај 2023

„Локалните организации во Тетово се соочуваат со низа предизвици во своето работење особено со ограничени капацитети за обезбедување одржливост. Затоа, услугите што ги дава Граѓанскиот ресурсен центар се од голема важност“ – изјави Сретен Коцески од Институтот за развој на заедницата, домаќин на средбата на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) со организациите во Тетово.

Оваа средба, одржана на 9 мај, е дел од посетите на Мобилниот ресурсен центар и цели кон информирање и обезбедување достапност до услугите на ГРЦ на локално ниво. На средбата учествуваа 17 претставници на  граѓанските организации.

Најголем дел од присутните изразија интерес за онлајн обуките, кои што им се постојано достапни, особено обуките за развивање проектна идеја и пишување проектни апликации. Организациите ја препознаваат важноста на вмрежувањето и го поздравија креирањето на базата на активни мрежи на граѓански организации што ќе биде достапна на веб-страната на ГРЦ.

Иако дел од организациите беа информирани за постоењето на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, сепак, побројни се оние што не се информирани за работењето на Советот.  Малкумина се и оние кои знаат дека граѓанските организации членки на Советот го бојкотираат неговото работење веќе цела година. Организациите изразија интерес да бидат подетално запознаени со состојбата.  

Овој настан беше организиран во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...