Граѓанските организации имаат релативно ниска медиумска застапеност, но тоа повеќе нема да биде проблем за здружението грантист Нов мост од Прилеп. Со помош на партнерскиот грант од Граѓанскиот ресурсен центар, тие учествуваа на дводневна обука на која подготвија нацрт- план за медиумска застапеност.
Заедно со нивните ментори од здружението „Мировна акција“ ја дефинираа главната комуникациска цел, конкретните цели и целните групи со кои ќе комуницираат. Потоа, ги дефинираа пораките кои сакаат да ги испратат до нивната публика, како и алатките и каналите за комуникација кои планираат да ги користат. Нацрт Планот содржи и анекси за дефинирање на поделбата на одговорностите помеѓу членовите на организацијата.
Здружението „Нов мост“ Прилеп го спроведува проектот „ Од грасрут до цврсто стебло“ во партнерство со менторската организација Мировна акција, финансиран од програмата „Национален ресурсен центар за граѓански организации“. Програмата ја спроведуваат Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа Плус од Штип, а е финансирана од ЕУ.