Грантист „Нов мост“ со комуникациски план до поголема медиумска застапеност

7 Фев 2020

Граѓанските организации имаат релативно ниска медиумска застапеност, но тоа повеќе нема да биде проблем за здружението грантист Нов мост од Прилеп. Со помош на партнерскиот грант од Граѓанскиот ресурсен центар, тие учествуваа на дводневна обука на која подготвија нацрт- план за медиумска застапеност.

Заедно со нивните ментори од здружението „Мировна акција“ ја дефинираа главната комуникациска цел, конкретните цели и целните групи со кои ќе комуницираат. Потоа, ги дефинираа пораките кои сакаат да ги испратат до нивната публика, како и алатките и каналите за комуникација кои планираат да ги користат. Нацрт Планот содржи и анекси за дефинирање на поделбата на одговорностите помеѓу членовите на организацијата.

Здружението „Нов мост“ Прилеп го спроведува проектот „ Од грасрут до цврсто стебло“ во партнерство со менторската организација Мировна акција, финансиран од програмата „Национален ресурсен центар за граѓански организации“. Програмата ја спроведуваат Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа Плус од Штип, а е финансирана од ЕУ.

Повик за избор на членови на Советодавна група

Повик за избор на членови на Советодавна група

Граѓанскиот ресурсен центар објавува повик за избор на членови на Советодавна група на ресурсните центри. Овој повик е дел од проектот ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2, финансиран од Европската Унија и спроведуван од Фондацијата Граѓански ресурсен...

ОНЛАЈН обука за дигитална трансформација на граѓанските организации

ОНЛАЈН обука за дигитална трансформација на граѓанските организации

Граѓанскиот ресурсен центар во рамки на проектот  “ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на онлајн обука за дигитална трансформација на граѓанските организации што...

Одржана информативна сесија за повикот за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Одржана информативна сесија за повикот за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

На 4-ти март 2025 се одржа онлајн информативна сесија за повикот за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025. Настанот привлече претставници од над 60 претставници на граѓански организации, кои имаа можност да се запознаат со условите и критериумите за...