Граѓанските организации- еден од столбовите на неформалното образование

21 Мај 2019

Дали граѓанските организации се признаени како испорачувачи на неформално образование? Дали се сертифицирани и како се гарантира квалитетот на нивните обуки? Дали доволно се промовира неформалното образование како важна алатка за усовршување на младите и возрасните?

Одговорите на овие прашања ќе ги добиете на средбата која ја организира Граѓанскиот ресурсен центар на тема „Улогата на граѓанските организации во обезбедувањето на квалитетно неформално образование”. Таа ќе се одржи на 27 мај 2019 година (понеделник) со почеток во 12 часот во Граѓанскиот ресурсен центар, Скопје (ул. Кирил и Методиј бр. 50, спроти централната канцеларија на НЛБ банка).

На средбата ќе се дискутира за тековната состојба во неформалното образование, неговото признавање, мониторингот и обезбедувањето квалитет во учењето и образованието на возрасни, со фокус на улогата и местото на граѓанските организации во овој процес.

Сите заинтересирани можат да го потврдат нивното учество на info@rcgo.mk најдоцна до 23 мај 2019г. Патните трошоци за учесниците кои не се од Скопје се покриени во висина на автобуски билет.

Оваа тема беше иницирана од Едукативниот културен центар „Нана“ и e прва ваква средба предложена од друга граѓанска организација. Граѓанскиот ресурсен центар во иднина ќе продолжи да поддржува вакви иницијативи.

Предизвиците на локалните организации во  Македонски Брод

Предизвиците на локалните организации во  Македонски Брод

На 1 декември 2023 година, локалните организации и активистите од општина Македонски Брод се информираа за актуелните случувања на национално ниво за развој на граѓанското општество, можностите за финансирање и јакнење на граѓанските организации, можностите што ги...

Повеќе знаења и вештини за пишување проектни апликации за 16 граѓански активисти

Повеќе знаења и вештини за пишување проектни апликации за 16 граѓански активисти

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжува да ги јакне граѓанските организации. На 23-24 ноември 2023 во Штип се одржа втората од планираните четири, Работилница за планирање проекти и пишување на проектни апликации. Оваа работилница се одржа како последователна...

Share This