Во име на Европската комисија, DG NEAR, проектот ЕУ ТАКСО 3 го организираше Форумот за граѓанско општество на ЕУ за Западен Балкан и Турција 2022 година од 8 до 9 јуни 2022 година, во Скопје, Северна Македонија. Форумот е првпат да се одржува од почетокот на пандемијата Ковид.
На Форумот се обратија високи функционери од Европската комисија, Делегациите на ЕУ, владини и претставници од граѓанските организации, додека присуствува 120 учесници лично и дополнителни 100 онлајн. Со оглед на неодамнешните драматични случувања во Европа, вклучувајќи ги и Ковид пандемијата и војната во Украина, Форумот обезбеди платформа за дискусија за подобро да се разберат предизвиците и можностите со кои се соочува регионот, како и улогата на граѓанското општество во пружањето на соодветна помош.
На Форумот, исто така, беа промовирани ревидираните „Насоки за поддршка на ЕУ за граѓанското општество во регионот на проширување 2021-2027 година“. Овие Насоки ја трасираат целта за помош на ЕУ за граѓанското општество, обезбедуваат алатка за владите да ја подобрат соработката со граѓанското општество и даваат индикатори за мерење на напредокот кон исполнување на условите за интеграција во ЕУ. Во периодот од 2014 до 2020 година, ЕУ обезбеди околу 330 милиони евра поддршка за граѓанското општество; Насоките се една алатка која и помага на ЕУ да го процени влијанието на оваа поддршка.
Г-ѓа Микела Матуела, вршител на должноста Директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (DG-NEAR) во Европската комисија, изјави дека „Западниот Балкан останува приоритет за ЕУ, а ЕУ останува целосно ангажирана во унапредувањето на процесот на пристапување во ЕУ. Во оваа рамка, граѓанските организации се клучни партнери. Сите вклучени чинители треба да работат со заедничка визија за тоа како може да се оптимизира улогата на граѓанското општество. Токму тука се појавуваат „Насоките за поддршка на ЕУ за граѓанското општество во регионот на проширување 2021-2027“ кои беа лансирани. Посебен фокус треба да се стави на ангажирање на помладата генерација во работата, за да им се овозможи да го направат регионот привлечно место за живеење, водење бизнис и остварување на нивните амбиции“.
Холгер Шредер, раководител на одделението за регионални програми за Западен Балкан, во DG NEAR при Европската комисија, изјави дека: ,,На регионот на проширување, и на процесот на интеграција во ЕУ, им треба силно и енергично граѓанско општество за да придонесе за неопходните реформи, да помогне во вклучувањето на граѓаните и да ја поддржи економската, социјалната и политичката трансформација на регионот“.
Како што изјави г-дин Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски интеграции во Владата на Република Северна Македонија дека: ,,Силно и развиено граѓанско општество во никој случај не треба да се смета за закана за која било влада, туку треба да се прифати како додадена вредност за развој на демократските процеси во земјата. Тој верува дека ревидираните Насоки за поддршка на ЕУ за граѓанското општество во регионот на проширување 2021-2027 година, обезбедуваат солидна основа за тоа како сите граѓани, владата и јавните институции можат дополнително да го зајакнат тоа партнерство и да воспостават структурен дијалог за сите заедно да работиме во интерес на граѓаните.
Граѓанското општество од регионот на проширување треба да ги следи влијанијата, да ги намали дезинформациите, да ги брани интересите на маргинализираните заедници и да го задржи фокусот на долгорочните предизвици.
Погледнете го во целост Форумот за граѓанско општество на ЕУ за Западен Балкан и Турција 2022 година: Facebook/Linkedin