Граѓанските организации учеа како стратешки да планираат

25 Дек 2023

На 19-20 декември 2023 Граѓанскиот ресурсен центар ги јакнеше капацитетите на граѓанските организации за стратешко планирање. Работилницата на оваа тема се одржа во Ресурсниот центар во Гостивар, како последователна активност на олајн обуката за Стратешко планирање, која беше услов за учество на работилницата. Дваесетте учесници на оваа работилница го зголемија своето знаење и вештините за стратешко проектирање на посакуваната иднина и правецот по кој организациите сакаат подолгорочно да се движат.

Со цел да добијат прецизна и точна слика за состојбите на нивните организации, учесниците научија практично да ги применуваат алатките за внатрешна и надворешна анализа на состојбите преку користење на Интегрираниот организациски модел, Анализа на чинители-Институциограм, SWOT анализа и матрицата за стратешка ориентација, а добиените резултати да ги користат како основа при донесување на одлуки на стратешко ниво. Исто така, тие работеа на креирање на визија и мисија, како и одредување на стратешки приоритети и долгорочни цели на нивните организации.

“Работилницата понуди извонредна можност, брзо, методично и јасно да се разбере и научи процесот на стратешко планирање“ рече д-р Нелко Нелковски, Претседател на  Скопје – Метропола, Здружение за развој на градот и Фонд Фондација. “Стекнатите знаења ќе бидат од голема помош при креирањето на новата стратегија на нашата организација. Изразуваме голема благодарност за укажаната можност да бидеме дел од оваа едукација“ изјави тој.

Калтрина Тефику од Институтот за развој на заедниците од Тетово го изрази своето задоволство од начинот на кој беше спроведена работилницата: “Работилницата ми беше многу лесна за следење. Искрено мислам дека можам да ги имплементирам идеите од овој курс во професионалниот свет, особено како вработена во граѓанска организација, но и во мојот приватен живот. Охрабрувањето од страна на обучувачката да учествуваме со наши дискусии и да бидеме активни при практичните вежби многу ми помогна во вклучувањето во оваа работилница. Презентацијата беше навистина добра за следење и најдов врски со други алтернативни процеси на размислување“ рече таа.

По работилницата, обучените организации ќе имаат можност за спроведување на менторски активности на оваа тема.

Работилницата беше организирана во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...

Организациите заинтересирани за повиците за предлози во рамките на ИПА III Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2024-2025

Организациите заинтересирани за повиците за предлози во рамките на ИПА III Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2024-2025

“Ја препознаваме важната и значајна улога на граѓанското општество и медиумите што ја имате во земјата и сакаме да помогнете во спроведување на клучните реформи. Сакаме да промовираме подобра демократизација, почитување на основните права, меѓународните стандарди и...

Дигиталната технологијата може да ги поедностави процесите и да го зајакне ангажманот со заедницата

Дигиталната технологијата може да ги поедностави процесите и да го зајакне ангажманот со заедницата

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжува да ги јакне граѓанските организации на теми кои придонесуваат кон нивно ефикасно и ефективно делување. Овој пат, фокусот беше ставен на дигиталната трансформација како една од клучните области на Стратешката агенда на ЕУ...