Граѓанските организации со зајакнати капацитети за спроведување на проекти

15 Фев 2021

На 8, 10 и 12 февруари 2021 година Граѓанскиот ресурсен центар  успешно  спроведе напредна обука за управување со проекти. На обуката учествуваа 21 претставник од граѓански организации, а истата се оддржа онлајн на платформата ЗООМ. 

Обуката придонесе во зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за спроведување на проекти, акцентирајќи ги спецификите на управувањето со проекти финансирани од ЕУ.

„За време на обуката, разговаравме и за нашите комуникациски пристапи. Учесниците изразија најголем интерес за темата за набавки според барањата на ЕУ. Генерално, верувам дека учесниците успешно ги оценија областите на управување со проекти кои бараат нивно идно внимание и инвестирање и дека некои алатки и практични совети дистрибуирани за време на обуката ќе бидат ефикасно искористени во идната практика на управување со проекти на граѓанските организации“, вели Андреја Тонч, предавач на обуката и меѓународен експерт.

Главната порака пренесена до учесниците беше важноста на вложување на ресурси во развојот на системите за внатрешно управување, особено за управување со податоци и документи и зајакнување на целокупниот пристап за следење.

„Благодарност до Граѓанскиот ресурсен центар што ми овозможи да учествувам на оваа обука за управување со проекти. На неа се здобив со многу корисни информации кои не сум имал можност да ги слушнам на ниту една од сродните обуки кои до сега сум ги посетил. Импресиониран сум од знаењето и искуството на обучувачот Андреја Тонч за сите области од проблематиката која беше тема на тридневната обука. Стекнатото знаење ќе го применам во практичното работење на нашата организација и ќе го споделам со моите колеги и со нашите соработници“,  изјави учесникот Димитар Илчов од Здружението за ментално здравје – Асоцијација Мисла.

За време на тридневната обука учесниците имаа можност преку дискусија, споделени лични искуства, но и искуства на предавачот Тонч да го надоградат своето професионално знаење во оваа област.

Преку прашалникот за оцена на обуката истата беше високот оценета од страна учесниците, според кои делот за набавки и мониторинг, како и известување за спроведувањето на проектот, се од исклучителна важност за понатамошното управување со проекти.

„Споделените примери и искуства ми беа од особена корист бидејќи сметам дека ќе го подобрат моето практично работење при спроведување на проекти во организацијата каде работам. Советите кои беа директно поврзани со нашата земја, како и генералните сугестии за овој процес го проширија моето знаење“, е мислењето на еден од учесниците.

Спроведената обука за управување со проекти е дел од годишната Програма за градење капацитети на граѓанските организации на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Медиа Плус од Штип и Асоцијација за демократски инцијативи, Гостивар.

Повик за избор на членови на Советодавна група

Повик за избор на членови на Советодавна група

Граѓанскиот ресурсен центар објавува повик за избор на членови на Советодавна група на ресурсните центри. Овој повик е дел од проектот ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2, финансиран од Европската Унија и спроведуван од Фондацијата Граѓански ресурсен...

ОНЛАЈН обука за дигитална трансформација на граѓанските организации

ОНЛАЈН обука за дигитална трансформација на граѓанските организации

Граѓанскиот ресурсен центар во рамки на проектот  “ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на онлајн обука за дигитална трансформација на граѓанските организации што...

Одржана информативна сесија за повикот за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Одржана информативна сесија за повикот за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

На 4-ти март 2025 се одржа онлајн информативна сесија за повикот за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025. Настанот привлече претставници од над 60 претставници на граѓански организации, кои имаа можност да се запознаат со условите и критериумите за...