Граѓанските организации одговорија на COVID-19

14 Мај 2020

Во кризната состојба предизвикана од COVID-19, граѓанските организации се меѓу првите кои ја препознаа итноста и покажаа голема солидарност при обезбедување поддршка на маргинализираните групи и ранливите заедници.  Многумина ја препознаа итноста, презедоа чекори за солидарност во нивните заедници и најдоа начини да бидат корисни за нивните целни групи. Организациите се приспособија на новонастанатата ситуација и ги пренасочија своите редовни активности, а некои и своите проектни активности, за да одговорат на потребите на луѓето при справување со пандемијата COVID-19.  

Црвениот крст со своите општински организации, но и организации како Банка за храна-МК, Вистински дела на љубезност, Аваја, повеќебројни ромски организации и многу други спроведоа безброј активности за обезбедување и дистрибуција на хуманитарна помош до најранливите категории. Оваа хуманитарна помош често е обезбедена и од бизнис заедницата, која што покажа голема солидарност и соработка со граѓанските организации во состојба кризна и за самите бизниси. 

Иако мобилните тимови на Црвениот крст го имаа приматот, сепак многу локални и национални организации несебично пристапија кон обезбедување услуги за логистичка поддршка на ранливи целни групи од населението прекунабавка на лекови, прехранбени производи и средства за лична хигиена и достава на истите до домовите на стари, изнемоштени лица кои живеат сами, хронично болни, семејства со лица со посебни потреби и други ранливи категории граѓани.

Активности на граѓанските организации

Проблемот на неинформираност на граѓаните, пред се најранливите категории во голема мера беше адресирано од граѓанските организации преку нивно подготвување и споделување на информации, соопштенија, совети и насоки за здравствена заштита и справување со кризната состојба предизвиканата од COVID-19 до целните групи.

Организациите кои обезбедуваат бесплатна правна помош во рамки на своите редовни активности или имаат друга соодветна експертиза брзо реагираа и ги пренасочија своите активности на обезбедување бесплатна правна помош, психолошка поддршка и други СОС линии за поддршка за соодветните целни групи во кризната состојба како и сервиси за помош и поддршка на жртви на семејно насилство.

Организации што работат на истражувања и анализи, оние кои го следат работењето на владата или прават редовни мониторинзи на почитувањето на основните човекови права како и многу други организации во овој период изготвија и споделија повеќе анализи и истражувања за влијанието на COVID-19 во соодветните области.  Сепак, организациите не само што истражуваа туку и реагираа до државните институции за прашања за кои сметаа дека имаат експертиза и можат да помогнат како подобро заедно да се справиме сите со кризната состојба. Индивидуални организации, платформи и мрежи како и неформално организирани групи на организации подготвија и испратија заеднички предлози, реакции, барања до државните институции Со тоа организациите покажаа дека се отворени за меѓусебна соработка и заедно да настапат пред владините институции за прашања и барање клучни за доброто на целните групи и на граѓаните општо.  

Не треба да се изостават и заборават напорите и иницијативите на низа организации кои работеа на обезбедување на алатки, едукативни и ресурсни материјали за целните групи.

Ова се само дел од активностите и иницијативите преземени од граѓанските организации за справување со кризата предизвикана од COVID-19 во март-април 2020. Повеќе информации за низа други акции се достапни на: https://civicamobilitas.mk/covid-19/ како и на веб-станиците и социјалните медиуми од граѓанските организации.

Информации за COVID-19

Правна помош, СОС линии

Заштита од семејно насилство

Подготвени и споделени анализи и истражувања за влијанието на COVID-19

Подготвени и испратени предлози, реакции, барања до државните институции

Алатки, едукативни и ресурсни материјали за целните групи

Предизвиците на локалните организации во  Македонски Брод

Предизвиците на локалните организации во  Македонски Брод

На 1 декември 2023 година, локалните организации и активистите од општина Македонски Брод се информираа за актуелните случувања на национално ниво за развој на граѓанското општество, можностите за финансирање и јакнење на граѓанските организации, можностите што ги...

Повеќе знаења и вештини за пишување проектни апликации за 16 граѓански активисти

Повеќе знаења и вештини за пишување проектни апликации за 16 граѓански активисти

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжува да ги јакне граѓанските организации. На 23-24 ноември 2023 во Штип се одржа втората од планираните четири, Работилница за планирање проекти и пишување на проектни апликации. Оваа работилница се одржа како последователна...

Share This