Граѓанските организации консултирани при програмирањето на идната финансиска поддршка од ЕУ

19 Апр 2021

Поддршката од Делегацијата на Европската Унија треба да придонесе кон одржливост на организациите на долг рок.

„Потребно е да се стави поголем фокус на одржливоста на вашите организации, повеќе да се работи на државното финансирање, на овозможувачкото опкружување, на локалните власти, на националните власти, воспоставување на директни контакти, трансфер на знаење од граѓанскиот сектор на јавниот сектор и обратно”, истакна Никола Бертолини, Раководител на секторот за соработка во Делегацијата на Европска Унија, на онлајн консултациите со граѓанските организации за програмирањето на ИПА III Инструментот за поддршка на граѓанското општество и медиуми за периодот 2021-2023 година.  

На онлајн консултациите на платформата ЗООМ одржани на 12 април 2021 организирани со поддршка од Граѓанскиот ресурсен центар учество земаа околу 65 граѓански организации.

Ирена Иванова од  Делегацијата на Европската Унија во својата презентација информираше за целта на програмата, чија што основа лежи во Насоките на Европската Комисија за поддршка на граѓанското општество во земјите за проширување 2021-2027. Во основната рамка на програмата предвидени се повици за акциски грантови, оперативни грантови, ресурсни центри за поддршка на граѓанските организации, платформа за поддршка на секторскиот дијалог, техничка помош, рамковни договори, итн.

Во дискусијата, како приоритетни области претставниците на граѓанските организации ги истакнаа: поддршка на локалното граѓанство и активизам, поддршка за младите и обезбедување на поголемо локално младинско учество, остварување на Целите за одржлив развој кои се комплементарни со пристапувањето на нашата земја кон ЕУ, дигиталната агенда и справувањето со ширење на говор на омраза, детска порнографија и други нелегални активности на Интернет; поддршка на локалните организации во руралните средини, зелената агенда, квалитетот на образованието и потребата од дигитализација, улогата на неформалното образование, родови прашања, транспарентност и отчетност и низа други тематски области.

Никица Кусиникова од здружението „Конект“ ја истакна потребата од постоење на два канали на поддршка: тематски за поддршка на организациите кои работат во различни тематски области од општествениот развој и поддршка наменета за инфраструктурата на граѓанските организации, поддршка за да организациите се развиваат на долг рок.

Неколку организации како важен сегмент го наведоа и регрантирањето како одлична можност да се поддржат малите локални организации кои во соработка со локалната самоуправа можат да придонесат кон развој на локалните средини. Во дискусијата беше предложено и воспоставување на подобра координација меѓу донаторите, како и потреба од подобро следење и мерење на влијанието од спроведените проекти.

На 15 април 2021 беа одржани и консултации со медиумските организации со цел медиумските здруженија со своите предлози да допринесат при програмирањето на финансиската поддршка во периодот 2021-2027.

Слобода на медиумите, медиумска етика, истражувачко новинарство, обуки и градење капацитети на медиумските здруженија се дел од областите кои ќе продолжат да добиваат финансиска поддршка преку програмите на Европската Унија, истакна Бертолини на консултациите.

Медиумските организации како приоритет ја истакнаа потребата за медиумска реформа ставајќи акцент на домашната продукција и програмската шема на медиумите во нашата земја. Според медиумските организации потребно е медиумите да се стимулираат за домашна продукција на образовна, детска, забавна програма, но и документарни филмови како производ на истражувачко новинарство.

По завршување на консултациите , организациите имаа можност во електронска форма преку Граѓанскиот ресурсен центар во форма на меил да достават предлози. Седум организации ја искористија оваа можност и придонесоа кон подобро програмирање на  ИПА III Инструментот за поддршка на граѓанското општество и медиуми за периодот 2021-2023 година.

Покана за учество на дебата „Дигитална трансформација на граѓанските организации”

Покана за учество на дебата „Дигитална трансформација на граѓанските организации”

Граѓанскиот ресурсен центар има чест да ве покани на онлајн дебатата „Дигитална трансформација на граѓанските организации“, која ќе се одржи на 21 октомври 2024 година (понеделник) со почеток од 12 часот на платформата ЗООМ. Целта на настанот е да се отвори дискусија...

Покана за консултации за измена на одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Покана за консултации за измена на одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Одделението за соработка со невладините организации на Генералниот секретаријат на Владата во партнерство со проектите финансирани од Европската Унија „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2” и „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина...

Формирањето на Локален младински совет- предизвик за младите беровчани!

Формирањето на Локален младински совет- предизвик за младите беровчани!

„Формирање на Локален младински совет во нашата општина е предизвик со кој во моментов се соочуваме“ истакнаа претставниците на локалните организации и младите активисти од Берово, на средбата со тимот на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ), која се одржа на 03 октомври...