Граѓанските организации и медиумите придонесуваат кон прогрес и реформи во општеството

11 Фев 2022

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, на 10 февруари 2022 година одржа консултативен состанок со граѓанските организации (ГО) за претстојниот Повик за проектни предлози во рамки на ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество и медиумите 2021-2022 година.

Консултацијата ја отвори Штефен Худолин, раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија (ДЕУ), истакнувајќи ја важноста од соработката со граѓанскиот сектор како витален партнер за носење одлуки и поттикнување трансформација на општеството. „ЕУ ја препознава важната улога на ГО и медиумите кои со своето делување придонесуваат кон прогрес и реформи во клучните сектори и демократизација на општеството. Со ова обезбедуваат вредностите и политиките на Унијата да се вградат во институционалниот и општествениот систем во земјата“, рече Худолин. Тој ги повика граѓанските и медиумските организации на проактивност и делување како еднаков и компетентен партнер на Владата.

Ирена Иванова, одговорна за граѓанско општество во ДЕУ го презентираше процесот на консултации и општа рамка на претстојниот повик за проектни предлози.  ДЕУ ќе даде важност на поддршката на развојот на овозможувачката средина за развој на граѓанското општество, младите, родовиот аспект, животната средина, социјалната инклузија и останати области важни за секторските реформи во земјата. Повиците ќе дадат фокус и на воведување иновативни мерки за подобрување на видливоста на работењето на граѓанските организации и нивната врска со граѓаните.   

На онлајн настанот присуствуваа претставници од околу 90 организации кои дискутираа за приоритетните сектори и другите важни елементи кои треба да бидат вклучени во Повикот за проектни предлози. Конкретните препораки и прецизирање на потребите на секторот беа за подобрување на практиката на спроведување. Учесниците ја поздравија иницијативата на ДЕУ за поттикнување на вмрежувањето на организациите, што ќе овозможи простор за На онлајн настанот присуствуваа претставници од околу 90 организации кои дискутираа за приоритетните сектори и другите важни елементи кои треба да бидат вклучени во Повикот за проектни предлози. Конкретните препораки и прецизирање на потребите на секторот беа за подобрување на практиката на спроведување. Учесниците ја поздравија иницијативата на ДЕУ за поттикнување на вмрежувањето на организациите, што ќе овозможи простор за зацврстување на соработката и делувањето во секторот. Акцент беше ставен на регионалниот и локалниот развој т.е. балансиран пристап на можности со цел зајакнување на локалните заедници. Вниманието се насочи и кон економскиот раст и развој во чии рамки може да се адресираат бројни актуелни прашања како неформална економија, компетитивност на пазарот, пазарот на труд, како секторски приоритет нотиран во последниот извештај на ЕУ за земјава.

Повикот за проектни предлози треба да го одразува новиот стратешки пристап на ЕУ за регионот на проширување, утврден во програмската рамка на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III) и во Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан (ЕИП) за 2020 година. Оваа нова рамка ги идентификува клучните области на политиката со цел да се унапреди социо-економскиот развој, да се обезбеди долгорочно закрепнување на регионот и да се придвижи напред на патот кон ЕУ. Во овој контекст, овој Повик треба да поддржи активно вклучување на граѓанските организации во наведените области на политиката и да ја зајакне партиципативнaта демократиja во земјата.

Сите заинтересирани организации кои сакаат да придонесат во креирање на Упатствата за Повикот тоа може да го направат најдоцна до 24 февруари 2022г., крај на работно време, преку онлајн прашалник, достапен на овој ЛИНК.

Спроведувањето на консултативниот настан беше поддржан од Граѓанскиот ресурсен центар на Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Стекнатото знаењето и практичната работа за планирање проекти ќе доведат до успешни проектни апликации на граѓанските организации од Скопскиот регион

Стекнатото знаењето и практичната работа за планирање проекти ќе доведат до успешни проектни апликации на граѓанските организации од Скопскиот регион

На работилница одржана на 11 и 12 април 2024 во Скопје, се јакнеа капацитетите на граѓанските организации од Скопскиот регион, на теми поврзани со планирање проекти и пишување на проектни апликации. Работилницата се одржа во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје како...

Зголемени знаења и вештини на граѓанските активисти од општина Чашка за подготовка на успешни проектни апликации

Зголемени знаења и вештини на граѓанските активисти од општина Чашка за подготовка на успешни проектни апликации

На работилница одржана на 28-29 март 2024 во општина Чашка, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжи да ги јакне граѓанските организации на теми поврзани со планирање проекти и пишување на проектни апликации. На работилницата одржана во Салата на Советот на општина...

Развиен граѓански сектор и активни екологисти во Вевчани

Развиен граѓански сектор и активни екологисти во Вевчани

Локалните организации, активистите и претставниците на Општина Вевчани се сретнаа со тимот на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) на 22 март 2024 година во Мултикултурниот центар во Вевчани. Пристутните се информираа за можностите што ги нуди ГРЦ како и актуелностите за...

Share This