Граѓанските активисти од Полошкиот плански регион стекнаа знаења и вештини за пишување проектни апликации

23 Фев 2024

На работилница одржана на 20-21 февруари 2024 во Гостивар, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжи да ги јакне граѓанските организации на теми поврзани со планирање проекти и пишување на проектни апликации.

На работилницата, граѓанските активисти, претставници од граѓанските организации (ГО) од Полошкиот плански регион го зголемија своето знаење и вештини за развој на проектна идеја и планирање на проект, анализа на проблеми, анализа на цели и избор на проектна стратегија, пристап на логичка рамка, логика на интервенција, индикатори за проверка на успехот на проектот, претпоставки и ризици. Тие стекнаа знаења и за алокација на ресурси за планираните активности и подготовка на буџет за проектот. Преку практичните вежби, учесниците  стекнаа знаења за пополнување на формата за аплицирање и нејзино поврзување со логичката рамка.

Оваа работилница се одржа како последователна активност на онлајн Обуката за планирање  проекти и пишување проектна апликација, која беше услов за учество на работилницата.

Претставниците на граѓанските организации го изразија своето задоволство од можноста, после онлајн обуката, преку практична работа да се стекнат со практични вештини за подготовка на апликации.

Обуката беше обемна, информативна, ефективна со многу практични вежби и може да се научи многу за тоа како да се напише проект“, рече Ардиан Ибраими од здружението “Find yourself” од Тетово. За Дарко Стојчески од Здружението за локален развој “Локал Акт“ од Македонски Брод, практичната работа и дискусиите на темата беа многу корисни: “Обуката беше одлична и на високо ниво. Добро беа презентирани сите делови од кои е составен еден проект, а посебно може да се научи од практична работа преку вежби и размислувања. Повторно би присуствувал на иста таква обука, со задоволство“, рече тој.

Своето задоволство од следењето на работилницата го изрази и Сузана Јаневска од  Здружение на граѓани за екологија, туризам, органско производство и истражувачка дејност “Еко Партнерс“ од Гостивар: “задоволство беше да се слуша ваква обука и одлични предавачи“, рече таа.

Интересот на граѓанските организации за јакнење на нивните капацитети од оваа област беше многу голем. На јавниот повик за учество на Работилницата се пријавија над 100 претставници на ГО, а на оваа работилница учествуваа 20 учесници од Полошкиот регион. Во следниот период ќе бидат организирани дополнителни работилници на истата тема со цел сите заинтересирани претставници на граѓанските организации да имаат можност да учествуваат.

Работилницата беше организирана во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...

Организациите заинтересирани за повиците за предлози во рамките на ИПА III Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2024-2025

Организациите заинтересирани за повиците за предлози во рамките на ИПА III Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2024-2025

“Ја препознаваме важната и значајна улога на граѓанското општество и медиумите што ја имате во земјата и сакаме да помогнете во спроведување на клучните реформи. Сакаме да промовираме подобра демократизација, почитување на основните права, меѓународните стандарди и...

Дигиталната технологијата може да ги поедностави процесите и да го зајакне ангажманот со заедницата

Дигиталната технологијата може да ги поедностави процесите и да го зајакне ангажманот со заедницата

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжува да ги јакне граѓанските организации на теми кои придонесуваат кон нивно ефикасно и ефективно делување. Овој пат, фокусот беше ставен на дигиталната трансформација како една од клучните области на Стратешката агенда на ЕУ...