Граѓанските активисти од општините Вевчани и Струга се стекнаа со нови знаења и поинакви видици за подготовка на проектни апликации

23 Мај 2024

На работилница одржана на 21-22 мај 2024 во Мултикултурниот центар Коста Србакоски во општина Вевчани, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) ги зајакна капацитетите на граѓанските организации од Вевчани и Струга, на теми поврзани со планирање проекти и пишување на проектни апликации.

На оваа работилница, која беше одржана како последователна активност на онлајн Обуката за планирање  проекти и пишување проектна апликација, присутните граѓански активисти од овие општини го зголемија своето знаење и вештини за развој на проектна идеја и планирање на проект, анализа на проблеми, анализа на цели и избор на проектна стратегија, пристап на логичка рамка, логика на интервенција, индикатори за проверка на успехот на проектот, претпоставки и ризици. Тие стекнаа знаења и за алокација на ресурси за планираните активности и подготовка на буџет за проектот. Преку практичните вежби, учесниците  стекнаа знаења за пополнување на формата за аплицирање и нејзино поврзување со логичката рамка.

Присутните граѓански активисти ги изразија своите позитивни импресии од оваа работилница на која имаа можност да се стекнат со вештини за подготовка на апликации.

Како проектен координатор со предзнаење за тематиката на работилницата како и за пишување и спроведување проекти, работилницата за мене претставуваше одлична можност за повторување на процесот на планирање и пишување проекти и проширување на знаењата од оваа област. Организаторите и предавачите беа на високо ниво, како и целата работилница“ рече Наум Илиески, претставник од локална канцеларија Вевчани на Здружението Еко-свест, Центар за истражување и информирање за животната средина.

Оваа работилница претставува одлична можност за сите учесници на работилницата кои доаѓаат од различни области на делување, да се запознаат со процесот на работа на проекти и да аплицираат на повици и/или да го унапредат квалитетот на своите проектните апликации“, истакна тој. 

Учесниците кои за прв пат учествуваат на работилница од оваа тематика, посебно го истакнаа значењето на практичната работа.

Јас сум многу задоволна од работилницата“, рече Гентијана Лита од Здружението за развој и активизам АКВА од Струга. “Ова за мене беше прво вакво искуство и на почеток ми беше малку потешко да ја разберам темата, но после практичната работа во групи стекнав повеќе знаења од оваа област. Обучувачите беа многу јасни и спремни и се надевам дека во иднина ќе учествуваме на некоја друга ваква работилница“, додаде таа.

И Едона Положани Мутрезани од Здружението за развој и активизам АКВА од Струга, истакна дека прв пат учества на работилница за подготовка на проекти и дискусиите и практичната работа многу и помогнале да ја разбере оваа тема. “Ми беше задоволство да бидам присутна на работилницата, обучувачите беа прекрасни и спремни и се надевам дека и во иднина ќе имам прилика да учествувам на некоја ваква обука. Со коментарите и прашањата разјаснивме многу дилеми“, рече таа.

И останатите учесници го изразија своето задоволство од работилницата.

 “Ни беше голема чест и задоволство што бевме дел од оваа прекрасно организирана обука за изработка на проекти одржана во Мултикултурен центар во Вевчани, која ни отвори нови видици и знаења кои ќе ги примениме за поуспешна работа на нашето друштво. Се надеваме дека повторно ќе бидеме дел од една ваква обука со што би ги зголемиле нашите знаења и вештини за изработка на нови проекти“, истакна Игор Кукоски од  Планинарското Еколошко Друштво Церн Камен 2257 од Вевчани.

Оваа работилница произлезе од интересот на локалните организации за градење на нивните капацитети за планирање проекти, искажан при посетата на Мобилниот ресурсен центар одржан во Вевчани во март 2024.

Во следниот период и во други општини ќе бидат организирани работилници на истата тема со цел, што е можно поголем број заинтересирани претставници на граѓанските организации да имаат можност да учествуваат.

Работилницата беше организирана во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар

Постои потреба од јакнење на граѓанското општество во Центар Жупа

Постои потреба од јакнење на граѓанското општество во Центар Жупа

На 10.06.2024 год се одржа посета на Мобилниот ресурсен центар во општина Центар Жупа. На средбата присутните претставници на локалните граѓански организации, млади активисти, претставници на општината и други активисти се запознаа со функционирањето на Граѓанскиот...

Задржувањето на младите граѓански активисти-најголем предизвик во општина Градско!

Задржувањето на младите граѓански активисти-најголем предизвик во општина Градско!

“Задржувањето на младите граѓански активисти во нашите граѓански организации и во општината, воопшто, е најголемиот предизвик со кој се соочуваме“ истакнаа локалните организации, активистите и претставниците на општина Градско на средбата со тимот на Граѓанскиот...

Прашалник за утврдување на приоритети на повик за грантови

Прашалник за утврдување на приоритети на повик за грантови

Граѓанскиот ресурсен центар во рамки на проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската унија, има предвидено два повика за финансирање на локални организации со вкупен буџет од 250,000 евра. Првиот повик за предлози е планиран за...

Share This