Две нови обуки од ГРЦ

9 Ное 2020

Македонскиот центар за меѓународна соработка во рамки на програмата Граѓански ресурсен центар, финансирана од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на следните две обуки:

  • Обука за институционален развој и организациско јакнење – 30 ноември, 2 и 4 декември 2020
  • Обука за генерирање фондови – 14, 16 и 18 декември 2020

Обуката за институционален развој и организациско јакнење

Оваа обука има за цел да придонесе кон зголемување на знаењето и подобрувањето на вештините на учесниците за систематичен пристап во процесот на организациско јакнење и воспоставување на стратешки цели за тоа каде организацијата сака да се најде во иднина и клучни мерки за тоа како да стаса таму. До крајот на обуката, учесниците ќе:

  • научат да креираат ефикасна организациска структура, базирана на принципот на добро управување  
  • се запознаат со концептите на организациска култура и организациско однесување
  • знаат да направат стратешка анализа на организацијата
  • научат да прават стратешко позиционирање на организацијата и да дефинираат стратешки насоки врз база на стратешката анализа
  • се запознаат со поимот управување со промени во организацијата.

Обука за генерирање фондови

На оваа обука учесниците ќе научат како нивната организација може да расте и да стане финансиски одржлива преку стратешко планирање на ресурсите и зголемена разноликост на донаторите. Учесниците ќе стекнат вештини и знаења за концептите на одржливост и генерирање на ресурси, за идентификација на извори на фондови и обезбедување ресурси за организацијата од различни извори, за стратешки пристап кон обезбедувањето ресурси, како и за одржување на успешни релации со донаторите. Преку практични вежби, учесниците ќе учат за мапирање на изворите на финансирање, одредување индикатори на успех, подготвување на акциски план за финансиска одржливост итн.

Обуките ќе бидат спроведени онлајн, при што дневно обуките ќе траат по три часа.

Заинтересираните треба да ја пополнат соодветната пријава и да ја испратат на [email protected] најдоцна до 16.11.2020.

Овие обуки се дел од Програмата за градење капацитети на граѓанските организацииво рамки на Граѓанскиот ресурсен центар. Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи, АДИ од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...