Димитров пред штипските граѓански активисти најави дигитализација на процедурите во СЕП

10 Дек 2020

На средбата на штипските граѓански организации со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров што се одржа во Граѓанскиот ресурсен центар во Штип, токму долгото чекање на една обична процедура во Секретаријатот за европски прашања (СЕП), беше истакнато како еден од проблемите со кои се соочуваат граѓанскиот сектор.

-Тоа е непотребно губење време за еден обичен документ, што некогаш може да трае и до два – три месеци, рече на средбата, Ерол Адемов од Здружение на мултиетничко општество за човекови права.

Вицепремиерот Димитров одговори дека овие документи ги работи само еден службеник, а барањата на граѓанските организации се повеќе стотина. Затоа, во СЕП се работи на дигитализација на издавањето на документите.

-Преку проект поддржан од Британската амбасада и една македонска граѓанска организација работиме на дигитализација. Со тоа, аплицирањето ќе биде електронски, а документите ќе се издаваат за два до три дена, кажа Димитров.

Присутните граѓански активисти истакнаа повеќе проблеми, како сложеното аплицирање и раководење со европските проекти, администрирање што е еднакво и за големите и малите организации, кои главно работат регрантирање. Ја истакнаа потребата од почести повици од Владата за граѓанските организации, кои имаат да понудат добри идеи во функција на заедницата. Потоа, беше забележано на концентрација на доделувањето на проектите на организации во Скопје, поради што, граѓанскиот сектор во внатрешноста на државата е сведен на минимум.

-Од посетите на мобилниот центар и редовните контакти, евидентно е дека се помал број организации се активни во источниот дел на државата, што само по себе говори за замрениот граѓански активизам. Чести се реакциите на организациите од регионот дека потешко доаѓаат до донаторите и имаат потреба континуирано од обуки, бидејќи немаат доволно капацитети да работат поголеми проекти, поради што младите волонтери се обесхрабруваат, го пренесе искуството од терен Слободанка Блажевска, раководител на ресурсниот центар во Штип.

Организирањето на настанот беше поддржано од Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Медиа плус од Штип и Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар.

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

На 13 јуни 2025 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се одржа консултативна средба за финализирање на Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028. Настанот беше организиран од...

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

На 11 јуни 2025 година, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ), во соработка со организацијата Kobo Inc., организираше обука за дигитално собирање и управување со податоци, наменета за граѓанските организации. На обуката присуствуваа претставници од 26 граѓански...

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Дванаесет граѓански организации се добитници на грант преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансирана од Европската Унија, а ќе реализираат проекти насочени кон зајакнување на демократијата во државата преку подобрен изборен процес со...