Дијалог за подобрување на положбата на жените во Свети Николе

11 Мар 2020

Пред одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, 8 март, Граѓанската иницијатива на жени (ГИЖ) oд Свети Николе организираше тркалезна маса со претставниците на локалната самоуправа кои се надлежни за обезбедување соодветни услови за остварување на родовата рамноправност.

На средбата тие дискутираа за економската, социјалната и политичката положба на жената, како и за можните решенија за надминување на препреките со кои се соочува жената во урбаните и руралните средини.

Оваа активност е дел од проектот на ГИЖ Вклучи се – во родови локални политики“ кој е добитник на грант од Граѓанскиот ресурсен центар, а е финансиран од Европската Унија.

Проектот ќе ги зајакне капацитетите на жените за тие активно да се вклучат во давањето предлози и носењето одлуки кои го земаат предвид родовиот аспект во сите институции на локално ниво и ќе овозможи да се утврдат приоритетните потреби и проблеми на жените од Свети Николе.

Отпочнување на консултации: Повик за предлози за граѓански и медиумски организации, ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество (CSF) и медиумите 2024–2025 година, Република Северна Македонија

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија започнува консултации со граѓанското општество и другите засегнати страни за дефинирање на приоритетните теми и другите важни елементи на претстојните повици за предлози во рамките на ИПА III Инструмент...

Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за избор на членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество  

Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за избор на членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество  

Во периодот од 23 до 28 јануари 2025 година околу 100 претставници на граѓански организации се информираа за повикот за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и фондации, на четирите...

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...