Дебата: Структуриран и одржлив дијалог меѓу граѓанското општество и институциите

25 Окт 2023

Граѓанскиот ресурсен центар ги кани граѓанските организации и сите заинтересирани на дебата на тема „Структуриран и одржлив дијалог меѓу граѓанското општество и институциите”. Дебатата ќе се одржи на 3 ноември 2023 година во новите простории на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје (бул. Климент Охридски бр 21).  

Дебатата може да ја проследите и онлајн, преку ZOOM на следниот линк:
https://us02web.zoom.us/j/87987987831?pwd=NWVhVVkzVTZnb3o3Y0c3U0FtdHBIUT09

Webinar ID: 879 8798 7831
Passcode: 832243

Структурираниот дијалог со граѓанското општество е определба од Стратегијата на Европската Унија за Западен Балкан во која се нагласува потребата за овозможувачка околина за граѓанските организации. Моделите за соработка и партнерство со граѓанските организации треба да ја унапредат околината во која делува граѓанското општество. До каде сме денес со исполнувањето на оваа одредба и дали постои структуриран и одржлив дијалог меѓу граѓанското општество и институциите?

Македонија имаше подобар напредок во оваа област во однос на некои од соседните земји. Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество беше формиран во 2018 година и полека почна да се етаблира како мешовито тело кое ќе работи на унапредување на соработката, дијалогот и ќе го поттикнува развојот на граѓанското општество. За жал, ова престана во 2022 година, кога членките во Советот од граѓански организации започнаа бојкот заради игнорантскиот однос на Владата кон клучните препораки и заклучоци на Советот. 

Искуството на земјите од регионот по ова прашање се различни. Во Албанија постои Национален Совет за граѓанско општество а во Црна Гора и Србија беа направени напори да се воспостави вакво советодавно тело.  

На настанот ќе бидат споделени искуствата од регионот и ќе биде презентирана Анализата на работата на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество во 2022. Членките на Советот, граѓанските организации, претставниците на државните институции и други релевантни чинители ќе имаат можност да дебатираат за состојбата но и да предлагаат решенија за надминување на предизвиците и зајакнување на дијалогот.

Разменетите искуства од регионот и отворената дискусија треба да придонесат кон унапредување на работата на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како највисоко тело во мешовит состав со мандат да иницира и дискутира политики важни за целото граѓанско општество.

Дневен ред

10:45|11:00Регистрација на учесници
11:00|12:00Механизми за структуриран и одржлив дијалог меѓу граѓанското општество и институциите

- Ирена Иванова, Делегација на Европска Унија Структурираниот дијалог во процесот на пристапување во ЕУ    
- Владимир Тхано, Заменик претседавач на Националниот совет за граѓанско општество во Албанија Придобивки и предизвици во функционирањето на Националниот совет на граѓанско општество во Албанија  
- Зорана Марковиќ, Центар за развој на невладини организации, Црна Гора Формирање на Совет за соработка меѓу органите на државната управа и невладините организации во Црна Гора  
- Валентина Величковска, Граѓански ресурсен центар Функционирањето на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество
12:00|13:00Дискусија
13:00|13:30Коктел

Пријави учество

Пријава за учество на настан

АНАЛИЗА НА РАБОТАТА НА СОВЕТОТ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ ВЛАДАТА И ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО ВО 2022

Анализата дава краток преглед од зачетоците на идејата за креирање на Советот, формирањето на Советот и неговото функционирање до крајот на 2022 година. Посебен фокус и детално е разработено неговото функционирање во 2022 година и спроведувањето на Програмата за работа на Советот за 2022.

Овој настан е дел од проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонски центар за меѓународна соработка, Медиа плус од Штип и Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар.