Дебата: Повеќекратна дискриминација – предизвици и можни решенија

20 Мар 2019

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) Ве кани на дебатата „Повеќекратната дискриминација – предизвици и можни решенија“ организирана од страна на Граѓанскиот ресурсен центар. Дебатата ќе се одржи на 28 март (четврток) 2019 година со почеток во 11:00 часот во Граѓанскиот ресурсен центар, Скопје (ул. Кирил и Методиј бр. 50, спроти централната канцеларија на НЛБ Банка).

На дебатата ќе се презентираат законската рамка, моменталната состојба, искуствата и практиките на справување со повеќекратната дискриминација. Дополнително дебатата ќе отвори и дискусија за мерки за справување со повеќекратната дискриминација.

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација треба да обезбеди поефикасна заштита од дискриминација и промоција на еднаквоста. Со него се прошируваат основите за дискриминација, се менува и подобро се дефинира поимникот и дефиницијата за дискриминација, се воведува сегрегацијата како нова форма на дискриминација, се олеснува пристапот до правда, и се професионализира Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која освен на заштитата, треба да работи и на превенцијата од дискриминација.

Дополнително, во април 2018 година беше формирано Националното координативно тело за следење на состојбата со недискриминација и реализацијата на законите, подзаконските акти и стратешките документи во оваа област. Во работата на Националното координативно тело за недискриминација учествуват 36 претставници на министерства и други државни институции, граѓански и меѓународни организации, синдикати и институти.

Се надеваме дека темата на настанот е од интерес за вас и дека ќе бидете во можност да учествувате на дебатата.

10:30 - 11:00 Регистрација на учесниците
11:00 - 13:00 Вовед во дискусијата
- Жанета Попоска, Мисија на ОБСЕ во Скопје
- Ѓултен Мустафова, Министерство за труд и социјална политика
- Игор Јадровски, Хелсиншки комитет за човекови права
Дискусија
13:00 - 14:00 Коктел

Настанот е дел од програмата Национален ресурсен центар финансирана од Европската Унија. Спроведувана е од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар и Медиа плус, Штип. Целта на програмата е поддршка за градење капацитети на граѓанските организации за тие да бидат ефективни и отчетни независни актери кои придонесуваат кон опкружување кое е поволно за граѓанското општество.