Членовите на „Велес бајкинг“ обучени за проектно управување

3 Дек 2019

Членовите на здружението „Велес Бајкинг“ се обучија за административно и финансиско управување и раководење со проектен циклус кон крајот на ноември 2019 година. Обуките беа спроведени од страна на нивната менторска организација Центар за економски анализи од Скопје.

На првата обука за административно и финансиско управување членовите на организацијата ги дискутира сите сегменти за документација и архивирање вклучувајќи листа на документи, распоред на потрошено време, извештај за финансиско управување, регистрација на проекти во СЕП и УЈП, административни процедури, патнерски договори и права и портфолио документи.

На втората дводневна обука за раководење со проектен циклус тие стекнаа нови знаења за секој од поединечните сегменти, како и за  процесот од идеја до реализација. Вториот ден од обуката учесниците го посветија на разработка на конкретна идеја и подготвија концепт со кој здружението може да аплицира на тековно отворен повик. Обуката резултираше со подготвена првична верзија на концепт нота за одредена идеја, која членовите треба да ја доработат и да ја испратат до обучувачите за препораки и дополнителни насоки.

Здружението „Велес Бајкинг“ – Велес го спроведува проектот „Зајакнати капацитети на локалните грасрут лидери за брз развој на туризмот“ во партнерство со менторската организација Центар за економски анализи, финансиран од програмата „Национален ресурсен центар за граѓански организации“. Програмата ја спроведуваат Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа Плус од Штип, а е финансирана од ЕУ.

Предизвиците на локалните организации во  Македонски Брод

Предизвиците на локалните организации во  Македонски Брод

На 1 декември 2023 година, локалните организации и активистите од општина Македонски Брод се информираа за актуелните случувања на национално ниво за развој на граѓанското општество, можностите за финансирање и јакнење на граѓанските организации, можностите што ги...

Повеќе знаења и вештини за пишување проектни апликации за 16 граѓански активисти

Повеќе знаења и вештини за пишување проектни апликации за 16 граѓански активисти

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжува да ги јакне граѓанските организации. На 23-24 ноември 2023 во Штип се одржа втората од планираните четири, Работилница за планирање проекти и пишување на проектни апликации. Оваа работилница се одржа како последователна...

Share This