17ти октомври Мобилниот ресурсен центар го посвети на Општина Пехчево.

19 Окт 2023

Присутните претставници на локални организации од Пехчево беа информирани за можностите и услугите што ги нуди Граѓанскиот ресурсен центар како алатката Хелп деск (Help desk), користење на бесплатниот простор во Штип, Гостивар и Скопје за организирање на настани на организациите, споделување на информации релевантни за организациите итн. Беше презентирана и можноста за онлај обука за пишување на преоекти достапна на https://rcgo.mk/akademija/. Присутните покажаа особен интерес за престојните обуки, со коментар дека обуки никогаш не се доста и нема старосна граница за доедукација.

Тие имаа можност отворено да позборуваат за предизвиците со кои се соочуваат граѓанските организации, но воедно и за нивните планови, идеи за во иднина, со цел да заживее граѓанскиот сектор во источниот дел на Македонија. Се констатираше дека граѓаните и граѓанските организации можат многу да придонесат да се подобри животот во помалите општини. Од настанот произлегоа неколку нови идеи и предлози, како теми за размислување за идни активности и проекти.

Се зборуваше и за младите кои имаат желба да земат учество во акции, да се здружуваат, да волонтираат но и да се едуцираат. Сите отворено проговорија за нивното волонтирање, но заеднички констатиравме дека се здружуваат најчесто во кризни ситуации. Последен настан на здружување и волонтирање беше пожарот кој го зафати тој регион.

По завршувањето на настанот, дел од присутните продолжија да разговараат за нови активности и идеи кои произлегоа за време на разговорот.

Мобилниот ресурсен центар во Пехчево се реализираше со поддрша од Здружението Амброзија и Матичната Библиотека Кочо Рацин од Пехчево.

Овој настан беше организиран во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар

Предизвиците на локалните организации во  Македонски Брод

Предизвиците на локалните организации во  Македонски Брод

На 1 декември 2023 година, локалните организации и активистите од општина Македонски Брод се информираа за актуелните случувања на национално ниво за развој на граѓанското општество, можностите за финансирање и јакнење на граѓанските организации, можностите што ги...

Повеќе знаења и вештини за пишување проектни апликации за 16 граѓански активисти

Повеќе знаења и вештини за пишување проектни апликации за 16 граѓански активисти

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжува да ги јакне граѓанските организации. На 23-24 ноември 2023 во Штип се одржа втората од планираните четири, Работилница за планирање проекти и пишување на проектни апликации. Оваа работилница се одржа како последователна...

Share This