Настани и дебати

Граѓанскиот ресурсен центар организира консултации, дебати, конференции, информативни средби и други настани со цел да им обезбеди простор на организациите и другите релевантни чинители да дебатираат, дискутираат, да покренат иницијативи или да бидат информирани за прашања соодветни за нивното функционирање. Темите на настаните се утврдени врз основа на прашањата поставени до ресурсните центри, тековни случувања во опкружувањето на граѓанските организации, наодите од анализа на легислативата како и врз основа на други укажувања за потреба од дискусија за релевантни теми за организациите. Настаните може да бидат во форма на дебати за специфични фокусирани прашања или пак семинари односно советувања за одредени прашања како значителни промени во даночната рамка, но и настани за глобални иницијативи како отворено владино партнерство или глобалните стандарди за отчетност, споделување на новини и можности за ЕУ поддршка и слично. Овие настани најчесто се со поширок опфат на учесници и претставуваат одлучна можност за размена на искуства, учење како и можност за вмрежување и градење партнерства.

Предложи тема за идни дебати

Прашалник за предлагање на теми за дебати

Share This