Информирање на граѓанските организации

Граѓанскиот ресурсен центар испраќа информации релевантни за граѓанските организации (ГО) до листа на граѓански организации.

Информирање на граѓанските организации се врши преку имејл пораки на следниве теми:

  • законската и даночната рамка за ГО, вклучувајќи и преглед на предлог закони објавени на електронскиот портал ЕНЕР;
  • финансиски можности и отворени повици за финансирање на организации;
  • Месечни е-Билтени кои ги содржат збирните информации за тековниот месец и најави за следниот месец
  • информации за настани и активности на проектот како и
  • информации за настани и активности на други граѓански организации, државни институции, донатори или други чинители.

Доколку сакате да добивате информации, приклучете се на листата за дистрибуција. 

Доколку сакате ваша информација која што е релевантна за граѓанските организации да биде споделена на нашата листа за дистрибуција, ве молиме да ја испратите на: info@rcgo.mk

Граѓанскиот ресурсен центар го задржува правото да ја сподели информацијата во рок од 48 часа.

Share This