НАСЛОВ НА ПРОЕКТОТ
Сите сити во Скопје- воспоставување на локални механизми за поддршка на социјално загрозените граѓани со храна
ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ
Воспоставување на политики, мерки и стратегии од Град Скопје за поддршка на донирањето на храна на социјално загрозени граѓани на локално ниво
ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ
- Р.1. Зголемување на учеството на ГО, бизнисите и граѓаните во процесите на застапување за искористување на вишокот храна во процесите на донесување одлуки;
- Р.2. Најмалку една политики или мерка на Град Скопје за поддршка на донирањето на храна до социјално загрозени граѓани;
- Р.3. Воспоставена ефективна коалиција за застапување на ГО, бизниси и граѓани за застапување на политики за донирање на храна до социјално загрозени граѓани во Град Скопје;
- Р.4. Мерката да поддржи со храна најмалку 100 социјално загрозени граѓани со храна на територија на Град Скопје во текот на цела една година;
ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД
01.03.2020 – 01.09.2020 (6 месеци)
БУЏЕТ
180.000 МКД