fbpx

Government Mirror

Граѓанскиот ресурсен центар подготвува редовен неделен преглед на предлог закони кои ги подготвува Владата на Република Македонија, а се објавувани на електронскиот портал ЕНЕР. Преку редовно неделно информирање по е-маил, граѓанските организации ќе бидат во тек со новите предлог закони, а со тоа ќе им се даде можност од една страна да учествуваат во креирањето на политиките и да придонесат кон развивање на партиципативната демократија преку давање сопствени предлози за подобрување на легислативата. Од друга страна ќе бидат во тек и со eвентуалните промени на регулативата која ги засега граѓанските организации.

На месечно ниво, ГРЦ подготвува прегледи со анализа на влијанието на предлог законските измени врз работата на граѓанските организации. Доколку има одредени законски измени кои би влијаеле на секојдневното работење на граѓанските организации истите ќе бидат нотирани, образложени и соодветно презентирани на граѓанските организации.